Стопанската комора на Македонија

2013-04-16 12:05:04

 КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Коморите, како репрезент и застапник на интересите на стопанството, се карактеристика на сите опшествено-економски и политички системи. Како и многу други институции и асоцијации, разликите и нијансите на коморското организирање се резултат на продукционите односи на определено општествено уредување. Но, секогаш биле и се значаен економски  фактор и според многу аналитичари, според редоследот на вредноста се вбројуваат веднаш по најрепрезентативните политички институции-парламентот и владата. Затоа, уште речиси пред еден век еден од премиерите на Велика Британија ја искажа мислата: "Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите отколку како опонент во сферата на нивната имплементација". (повеќе)

Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење со пригодна свеченост во Стопанската комора на Македонија (18.2.2013 година). Годинава тоа беше направено со еден скромен собир на компаниите кои во услови на криза од 2008 година до денес се одважија да пркосат на истата и со нови инвестиции во производни капацитети и нови вработувања да докажат дека македонската економија има иднина. (повеќе)

  Комората, беше нагласено, во рамките на своите законски овластувања ќе придонесува и ќе ги поддржува сите оние кои ќе се определат своите активности да ги насочат кон нејзините клучни определби:
1. домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот;
2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој;
3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност.

Стопанска комора на Македонија во оваа прилика им додели признанија на менаџери кои инвестирале во нови производни погони во Република Македонија периодот од 2008 година до денес.

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Станка Дамјановска
Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: stanka@mchamber.mk
Web site: http://www.mchamber.org.mk
 

С подкрепата на:

 

Основни медийни партньори:


 

Официален хотел: